Резервна татковина немаме – порача Ванковска од Богданци

Вчера кандидатот за Претседател на Република Македонија Biljana Vankovska, оствари средба со граѓаните на Богданци. Искреноста и љубовта кон татковината не можете да ни ја земете, една татковина имаме и таа треба да ја сочуваме рече Ванковска пред присутните.

Во присуство на Вановска беше и носителот на ИЕ4 Сашко Јанчев како и кандидатот за пратеник Михаил Тодоров.

Јанчев и Тодоров порачаа дека борбата штотуку започна и назад враќање нема. На крајот, ние ќе победиме. Ќе победиме бидејки нашата борба е искрена а граѓаните на Југоистокот и Богданци заслужуваат нивниот глас и пробеми да бидат чуени и решени.