Уапсен лидерот на најголемата украинска опозициона коалиција

Украинскиот претседател, Зеленски, сподели фотографии од неговиот политички ривал, Виктор Медведчук, на кои се гледа дека е со лисици, а шефот на украинските безбедносни служби напиша дека „ниту еден предавник нема да ја избегне казната.“

Западните мејнстрим медиуми за овој случај пренесуваа дека е уапсен „про-рускиот политичар“ но, да видиме кој навистина е Виктор Медведчук:

  • Медведчук е украински политичар, кој ја предводи втората по големина партија во украинскиот парламент со „Опозициска платформа – за живот;
  • Застана против Киевскиот Мајдан 2014 година;
  • Западните медиуми постојано го означуваат како „сојузник на Путин“;
  • Анкетите во 2021 година покажаа дека „Опозициската платформа – за живот“ ја престигна во рејтингот владејачката коалиција предводена од Зеленски како најпопуларна партија во државата;
  • Во знак на одмазда и преку политички прогон, Зеленски, ги затвори медиумите кои навидум биле поврзани со Медведчук и го уапси под обвинение за „предавство“.

Медведчук ги отфрли обвинувањата дека е „проруски“, инсистирајќи дека неговата партија претставува милиони обични Украинци. Во февруари 2021 година, тој го обвини Зеленски дека сака да воспостави диктатура во Украина и да ја потисне легално избраната опозиција.