На Украина и остануваат уште 30 дена за офанзива

Според високиот американски генерал Марк Мили, на Украина и остануваат уште 30 дена пред временските услови да ја нарушат нејзината контраофанзива.

Во интервју за Би-Би-Си, тој рече дека постудените услови може да го отежнат маневрирањето на Украина.

Украинската офанзива одеше побавно од очекуваното, призна Марк Мили, додавајќи дека е премногу рано да се каже дали контраофанзивата не успеала, бидејќи Украина „напредува со многу стабилно темпо низ руските линии на фронтот“.

Целата котраофанзива на украинците е пролонгирана, но и забавена и се сведува на фактот дека пробив има само на едно место наречено Работино.

„Интересно е што приказната се сведува на тоа како е заробен Работино, тоа е всушност единствениот успех на целиот фронт каде што се борат Украинците. Работино е место кое некогаш имало околу 15.000 жители, а сега нема ниту еден. Опкружен е со ридови, и планини. На тие ридови има руска артилерија, а кога украинските сили ќе влезат внатре, Русите ги покриваат со артилерија и им нанесуваат големи загуби – потенцираат независни аналитичари.

Проблемот на Украина е недостатокот на луѓе, а што се однесува до огромните донации на тенкови и оружје, има се помалку луѓе кои можат да го прифатат тоа оружје. Украина даде многу, многу жртви во оваа година и пол војна, а згора на се, сè уште доживува критики од Западот дека не се бори доволно добро.

Дека нешто се менува на меѓународната сцена е фактот дека Русија ја пофали декларацијата на Групата 20 која директно не ја критикуваше Москва за нападот на Украина. Потсетуваме, учесниците на самитот на Г-20 во Њу Делхи во саботата усвоија декларација во која не се споменува осуда на Русија за војната, туку ги повикуваат сите земји да не користат сила за да заземат територија.

Може да ве интересира