Исмаил: Левица нема мнозинство во Град Скопје – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон деструкција

Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица, во гостувањето на Инфомакс во „Тешки муабети“ со Милош Милошевски, Александар Митовски, меѓу другото говореа и за позицијата на Левица во Град Скопје.

Исмаил, како еден од четворица советници на Левица во советот на Град Скопје беше запрашан за нивната позиција и колку има вистини во она што противничките табори пишуваат за Левица во медиумите: од една страна се очекува утре да излезе во јавноста реакција дека Левица се во коалиција со градоначалничката Данела Арсовска, а веќе следниот ден, да оди нова реакција, дека Левица е во коалиција со СДСМ и ДУИ. Водителот Митовски го праша Исмаил, каков е неговиот одговор на ваквата, како што рече тој, шизофренија или поточно биполарност.

На ова Исмаил едноставно одговори:

Народот веќе знае дека било каква коалиција не е логична, бидејќи Левица има само четворица советници (од вкупно четириесет и пет). Левица не може да направи никакво мнозинство со четворица. Двете партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе го имаат доволниот број советници за да направат мнозинство и токму овие две партии се насочени кон деструкција на процесите.“