Двете партии во односот кон надворешната политика не се разликуваат во ништо

Во вечерашното гостување на емисјата Тешки муабети на веб каналот на infomax.mk, членот на Презедиумот, Реџеп Исмаил Хактан изјави дека двете најголеми партии во Македонија не се разликуваат во ништо во однос на своите надворешни политики и дека немаат никаква критичност кон она што претставува закана за Македонија. Тој додаде дека односот на тие две партии кон амбасадата на САД е тотално исти.

Истовремено изјави – „Кога Грција и Бугарија како душмани на Македонија се во привилегирана состојба од страна на колективниот запад, тоа е секогаш кога ние имаме било каков конфликт со тие држави. Така било и во историјата, тие секогаш добивале поддршка од страна на западниот блок‘‘.

Во продолжение тој коментираше за политката на Македонија кон Русија и Украина и рече дека во овој конфликт, ние треба да престанеме да ги исполнуваме барањата на колективниот запад и да ги укинеме санкциите.

Целото гостување на Реџеп Исмаил Хактан може да го гледате на следниот линк:

.