Исмаил: Со лажни вести против Левица опозицијата ВМРО-ДПМНЕ манипулира пред сѐ со своето членство

Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица, во гостувањето на Инфомакс во „Тешки муабети“ со Милош Милошевски, Александар Митовски, говореа за манипулациите на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ кон Левица.

Имаше смешно обвинување дека сте им правеле кворум на владиното мнозинство на СДСМ во Собранието на Република Македонија. Како ќе се борите со ваквите лажни вести кои ги спонзорира / нарачува / измислува политичкиот фактор којшто би требало да ви биде сојузник во опозиција“, беше прашањето од водителите на „Тешки Муабети“.

Митовски понатаму дополни дека се свесни дека овој „спин“ беше произлезен од ВМРО-ДПМНЕ.

На ова Исмаил образложи:

Свесни сме дека беше изнесено од порталот „Лидер“ којшто е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, во истиот ден, само после три часа од ова, за да тој се огради од неговата законска одговорност, тој (Љупчо Златев) се огради од тоа, кажа дека не е точно претходно изнесеното и потврди дека било соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, практично призна дека тоа е лажна вест која е манипулативно пуштена. Но, проблемот за нас е што веста дотогаш веќе помина и се прошири, но не и извинувањето дека е лажна вест и тие така манипулираат, пред сѐ со членството на ВМРО-ДПМНЕ.