Русија со рекорден извоз на нафта во Азија

Во април Азија за прв пат стана најголемиот увозник на руска нафта, претекнувајќи ја Европа, објави Блумберг, цитирајќи аналитичари на Кплер. Забележано е дека „во мај оваа разлика ќе се зголеми“.

Според аналитичарката Џејн Кси, вкупниот обем на нафта од Русија за двата најголеми купувачи во Азија – Индија и Кина, се искачи на рекордно ниво, главно поради зголемените набавки од Индија.

„Иако дел од пратките овој месец веројатно ќе бидат малку пониски, тие сепак ќе го надминат минатомесечниот рекорд“, додаде таа.

Според аналитичарите на Кплер, до 26 мај танкерите превезувале околу 57 милиони барели нафта од Урал и 7,3 милиони барели руска нафта на Далечниот Исток ESPO. На крајот на февруари, бројките беа на ниво од 19 милиони Урали и 5,7 милиони ESPO.

Според Блумберг, повеќето танкери со руска нафта одат во Индија и Кина, бидејќи другите земји имаат ограничен увоз поради ситуацијата во Украина. Во исто време, овие азиски земји, според експертите, купиле милиони барели по багателна цена.

Западните земји, поради воведувањето санкции против Русија по почетокот на воената специјална операција во Украина, се соочија со економски проблеми – поскапување на енергенсите и пораст на инфлацијата.

Мерките главно го погодија финансискиот сектор и снабдувањето со високотехнолошки производи, но повиците во Европа станаа се погласни за намалување на зависноста од руските енергетски ресурси. Кремљ овие акции ги нарече економска војна, но ја истакна подготвеноста за таков развој на настаните.