Протест како знак на солидарност и поддршка кон министерот за одбрана Стефан Јанев во Бугарија кој се изјасни во корист на неутралност на Бугарија во однос на конфликтот во Украина

Бугарскиот премиер Кирил Петков го разреши министерот за одбрана Стефан Јанев, откако министерот во неколку наврати јавно ја обелодини својата неутрална позиција во однос на НАТО и Русија. Тоа што ја прелеа чашата е неговата последна изјава нарекувајќи го тоа што се случува во Украина како воена интеревенција, наместо војна. Се разбира, под итна постапка, Јанев е заменет со преставникот на НАТО во Бугарија, Драгомир Заков. Империјата не толерира девијација од про-воениот наратив.Како резултат на оваа промена, на 28 февруари во Софија се оддржаа протести против промената на министерот за одбрана и учеството на Бугарија во НАТО.

На 28.02.2022 година пред министерскиот совет во Бугарија се одржа протест во знак на подршка за министерот за одбрана генерал Стефан Јанев кој што преку фејсбук статус се изјасни против било какво учество на Бугарија во конфликтот во Украина. Заради таа своја изјава тој беше принуден да даде оставка.

Учесниците на протестот се изјаснија и против учеството на Бугарија во НАТО и воените авантури, создадени од воениот блок. Истворемено бараат оставка од премиерот на Бугарија.

Еве некои од изјавите на протестантите:

„Сакам да ги повикам сите луѓе кои што сакаат во моментот и имаат голема желба Бугарија да и помогне на Украина во овој конфликт да се запишаат како доброволци заедно со високи партиски кадри, тие да бидат првите, а ние ќе се обидеме да им помогнеме да стигнат во Украина и да се борат за тоа во кое што веруваат’’.

,,Во поддршка на министерот за одбрана генерал Стефан Јанев сакам да кажам дека со позицијата која тој сега ја зазеде, е првата после 30 години во Бугарија во која може да видиме политичар со кичма. Против него и внатре во Бугарија имаше политички притисок, и очигледно и од влијателни големи држави и тој и покрај се ја изјасни својата позиција и дури и не предупредува што ќе се случува од тука, па натаму. Сега ќе биде сменет со попослушен од него кој што ќе исполнува се што ќе му кажат’’.

‘’Војната во Украина не се води против Украинци и Руси, тие се еден народ, таа се води за американските интереси, корпоративните интереси на крупниот капитал. Украинскиот народ чекаше и трпеше осум години и во моментот ги губи децата и народот. Јас не сакам и ние да трпиме и да го губиме народот и своите деца поради корпоративните интереси на крупниот капитал’’.


Видео од протестите во Бугарија

Џавахарлал Нехруа, еден од водачите и основоположниците на борбата на индискиот народ против британските колонијални сили, кажал уште тогаш:

„Најголемиот непријател на народот е таканаречената интелигенција одгледана од колонизатори’’.