Левица ги поддржуваа протестите на оризарите од кочанско

  • Соопштение на Левица – ЛО Кочани.

Соочени со тешката финансиска состојба предизвикана од ниските откупни цени на познатиот кочански ориз, од секојдневните зголемувања на цените на репроматеријалите, на ѓубривата како и од високите цени на нафтата, а од друга страна замрзнатите цени на оризот од страна на Владата, оризопроизводителите се најдоа во безизлезна ситуација и повторно се принудени својот гнев да го изразат преку протести.

Долгогодишната негрижа на државата за сопствениот бренд, познатиот кочански ориз, како и неконтролираниот увоз на ориз од странство, доведе до тоа посеаните површини од година во година да се намалуваат и полињата во општините Кочани и Чешиново – Облешево да остануваат необработени.

Левица, како партија на работниот народ, застанува со целосна и безрезервна поддршка на земјоделците и оризарите кои преку протести бараат да бидат слушнати од надлежните институции, со цел домашниот ориз да биде заштитен од нелојалната конкуренција од странство, и цените да бидат реални, односно трудот на оризарите да биде реално платен.