Црвена младина на Светскиот младински фестивал во Сочи, во друштво со 20.000 младинци од 180 земји

Претставници на Црвена младина на Светскиот младински фестивал 2024 година, каде што активно учество земаа 20 илјади представници од 180 земји.

Делегација на Левица во текот на оваа седмица е дел од серија интелектуални, културни и едукативни настани. Учесниците имаа привилегија да дадат свој допринос во активностите, каде младите луѓе ги претставуваат земјите и културите од кои што доваѓаат.

Делегатите од Црвена младина активно учествуваа во различни платформата за дискусија, пред се поврзани со актуелните политички случувања, но и дискусии по однос на развојот на науката, технологијата, инженерството и други области.

Во наредните денови, Црвена младина, заедно со претставниците на младинските политички организации од останатите земји ќе учествува на неколку различни платформи поврзани со младински политики.