Мојсоска: Кога се менуваше името, улогата на Мицкоски беше „естрадна“

За Мицкоски, улогата на Ванковска во првиот круг ќе била само “естрадна”?! Какво неверојатно поимање на политичкиот плурализам и демократија, од лидер кој не може да излезе од мантрата на бипартизмот, вели Јована Мојсоска од Левица.

Да наречеш интелектуалец како Ванковска, која беше гласен противник против трите штетни договори, дека е “само за естрадна употреба” – е тежок политички аналфабетизам. Ванковска ја мобилизира меѓународната јавност кога се носеше погубниот Преспански договор, преку писма за поддршка од интелектуалци против промената на името.

Можеби тоа е “гревот” што Мицкоски не може да и’ го прости на Ванковска – затоа што токму неговата улога беше само естрадна кога се менуваше името.

Во истата изјава, Мицкоски шири пизма и веќе ја квалификува Левица како “измеќарска”, додека поставува прашање каде ќе одат гласовите во вториот круг?! Тотално политичко неискуство од лидер кој очигледно е подготвен да ги изгуби претседателските избори.