Апасиев: Ни спремаат фалсификат на пописот
Лидерот на политичката партија Димитар Апасиев на својот фејсбук профил објави дека се злоупотребува европското знаменце за предлог-законот за попис за да се донесе без дебата од опозицијата. Тој напиша:
„Шверцератот во Собрание продолжува… Еден од најважните закони на деценијата, Законот за ПОПИС, кој денес помина на дневен ред по скратена постапка и со злоупотреба на европското знаменце – веќе утре е на комисиска расправа!? Тоа значи дека опозицијата нема ниту цели 24 часа за поднесување амандмани!
p.s. Ни спремаат тежок ФАЛСИФИКАТ на столетието, преку Скајп попишување од Швицарска.”
Претходно и пратеникот Крмов се обрати пред Собранието и побара предлог-законот да биде тргнат од дневен ред затоа што без никаква најава, од редовна постапка предлог-законот го протнале во скратена постапка. Тој подоцна на својот профил објави дека известувањето дека Законот за попис е повлечен го добиле некаде пред 17 часот кога седницата веќе била завршена. Известувањето е потпишано на 26 декември од Талат Џафери, а доставено на 28 декември.
„Решението е намерно КРИЕНО да не се дига џева и да се пушти пред Нова година по скратена постапка а тоа е НЕЛЕГАЛНО! Никој не крие добар закон правен по европски стандарди.Сите знаеме што се спрема. Дали ќе помине зависи само од нас. Моментално не му се плашат на народот, мораме да ги натераме ДА МУ СЕ ПЛАШАТ.”