АктуелноЛокално

Левица: Болницата во Охрид оставена без томограф – пациентите плаќаат приватно

Од Локалниот Огранок на Левица во Охрид реагираат дека пациентите во охридската болница се оставени без томограф поради дефект на рентгенска цевка, поради што лицата со карцином се препуштени сами на себе. Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост.


„Додека на глобално ниво технологијата и модерната наука нудат несразмерен развој во медицината, Охриѓани и жителите на останатите соседни градови останаа без функционален томограф поради прегорување на рентгенска цевка, а пациентите кои мора да се снимаат на компјутерска томографија, за да добијат прецизна медицинска дијагностика со прикажување на тродимензионална слика, се препраќаат на приватни клиники, каде што треба да платат по цена за која треба да одвојат една третина од просечната работничка плата.

Дали Општина Охрид има план да елиминира некој од небитните тендери и да ги ограничи гламурозните гозби на платформите во елитните ресторани, а буџетот да го пренаменат за нова рентгенска цевка за томографот во ЈЗУ Општа болницата во Охрид?

Секој граѓанин плаќа здравствено осигурување или ако е невработен го следува осигурување од ФЗО (Фонд за здравствено осигурување), а државата е должна да обезбеди здравствена заштита за секој подеднакво. Зарем проучувањето и лекувањето на карцином има помала важност од луксузот на олигархијата?

Постојат повеќе видови на КТ –скенирања кои се поделени по органи и системи, кои се брзи, безбедни и безболни методи и граѓаните мора да имаат пристап до целата дијагностичка и интервентна радиологија во целиот свој живот.

Левица бара одговорност и сериозно инвестирање во здравството со цел да се овозможат услови во кои нашиот медицински кадар би можел професионално да ја врши својата работа.”


Додека на глобално ниво технологијата и модерната наука нудат несразмерен развој во медицината, Охриѓани и жителите на…

Posted by Левица – Охрид on Sunday, 20 December 2020