Левица – Карпош: На 10-тина денови пред почетокот на кампањата СДСМ шверцува нови ДУП-ови во Општина Карпош

„На 60-та седница на Советот на Општина Карпош која ќе се одржи утре, СДСМ ќе прошверцува уште два Детални урбанистички планови. Првата точка се однесува на Планот за градска четврт СС3 02, Блок 06 кој го опфаќа делот на Злокуќани. Со новиот ДУП парковското зеленило ќе се намали само на 4,6%.

Другата точка се однесува на Деталниот урбанистички план за Блок 9 од Градска Четврт ССИ 03 на делот помеѓу Општина Карпош и Општина Чаир. За овој ДУП предвидено е уште помал процент на зеленило и тоа од само 3,47%.

За потсетување, на минатата седница која се одржи пред некоја недела беше усвоен ДУП за делот кај СГГУ Здравко Цветковски со што ќе се уништи голем дел од зеленилото. Со ова, СДСМ ја продолжува праксата на шверцување на Детални урбанистички планови од кои интерес има само урбаната мафија.“