По две години, отпорот влезе во Собрание

Пратеникот Борислав Крмов на својот фејсбук профил објави слика од Собрание заедно со Димитар Апасиев со маици „Бојкотирам”, по повод две години од неуспешниот референдум за промена на уставното име.

„Две години од БОЈКОТОТ на срамниот референдум кога овој народ одби да се самоукине! Сега освен на улица отпорот против „северна“ почна да ‘рти и во Собрание!” – напиша на својот профил Крмов.

На неговиот пост се надоврза и Апасиев, кој ја сподели сликата со текст: „По две години, Отпорот влезе во Собрание! Дај Боже, по четири години, и да го поништиме Преспанскиот срам на квислинзите.”