Левица: Две години Борба за самоопределување

„Две години од НЕУСПЕШНИОТ референдум каде еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине!

Пред две години, Македонија застана на правилната страна на историјата. Преку организиран МАСОВЕН БОЈКОТ на илегалниот референдум, покажа сплотеност во Отпорот спрема империјализмот спроведен од корумпираните домашни и странски бирократи и го одбрани АСНОМскиот карактер на Републиката.

Покрај сите поткупи, закани и уцени од локалните квислинзи и моќната “дипломатска” машинерија, на референдумот како највисок облик на демократија, народот јасно порача: „НЕ ЗА ЕУ И НАТО ПО СЕКОЈА ЦЕНА!”
Затоа секоја наредна власт ќе има легално и морално право (и ДОЛЖНОСТ) да ја исправи историската неправда.”

#СмртНаИмперијализмот

#СлободаНаНародите