Мојсоска: ДПМНЕ не може да го руши ДУИ, затоа што ДПМНЕ го создаде ДУИ

Ние гледаме како 20 години и СДС и ДПМНЕ молчат пред изблиците на тн албански партии, вели Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица.

Таа за „Редкаст“ потсети дека долги години партијата на ВМРО-ДПМНЕ беше во коалиција со ДУИ.

-Додека сега ДПМНЕ говори дека ДУИ ќе го направи опозиција, ДПМНЕ го направи ДУИ. ДПМНЕ му ја даде цела власт, ДПМНЕ го стави во институциите и не можеш да го рушиш чудовиштето што сам го создаде, Мојсоска, носител на листа во ИЕ 5.

Целото интервју погледнете го во видеото: