Смилев: Предупредување за нова еко-катастрофа во Велес

  • Став на Игор Смилев, еко-активист и Советник од Левица во Општина Велес

АПЕЛ : Српската компанија “Кепс монт Груп” планира на црниот рид од Велешката Топилница да отвора рудник/ фабрика за преработка/екстракција на тешките метали од Троската.

Фирмата на 15 ноември 2023 побара “Б” интегрирана Еко дозвола за работа во следните 4 години. Дозволата треба да ја потпише експертот за потписи градоначалникот на Велес, Марко Колев .

Советниците на Левица Велес на 25 – ти ноември во последен обид да го спречат новото еколошко зло побараа јавна расправа.

Јавната расправа по низа чудни околности и лични договори на релација Општина- Фирма е закажана на 25 ти декември 2023 во 13 ч. во хотел Гарденија насред работно време, на 10 км од Велес, спротивно на закон и на последниот ден од истекот на законскиот рок.

Последна надеж пред Колев да го забие колецот на новиот рудник се ГРАЃАНИТЕ . СИТЕ КОИ сте слободни, МАСОВНО да дојдете и да кажете НЕ на овие кои во изминатите 4 години работа во Велес не НАПРАВИЈА НИШТО,и наместо да ја дислоцираат троската( само 500 тони од вкупно над 2 милиони тони троска) , сега го бараат здравјето на Велес.

Градоначалниче Колев, НИТУ НА СОН НЕМОЈТЕ ДА СТАВАТЕ ПОТПИС НА ОНА ШТО ќе биде извор на ново зло и смрт .

Колев, немој да тураш пепел на тридецениската борба на велешани за живот во здрава и чиста животна средина.

Колев, следи го интересот на граѓаните и јавноста, а не мирисот на крупниот капитал произведен од несериозни петопарачки фирми.

Во спротивно само ТИ И ТВОЈОТ ПОТПИС ЌЕ БИДАТ СВЕДОЦИ ЗА ПРЕДАВСТВОТО НА ВЕЛЕС.

За предавници ќе ги сметаме сите од МЖСПП и од Државниот еколошки инспекторат кои ќе го одобрат и бранат овој убиствен пеколен проект!!