Руската армија почна да користи роботи за снабдување на војниците со муниција

Вооружените сили на Руската Федерација станаа првата армија во светот што користи роботска платформа за испорака на муниција во подрачја на интензивни борбени дејствија. Станува збор за далечинско контролирана беспилотна платформа „желка“, произведена од компанијата „Арго“.

Првиот прототип на ‘желката’ е распореден на линијата на фронтот во Луганската Народна Република, во една од единиците на руската армија. Главните задачи на дронот вклучуваат испорака на муниција и храна на војниците, како на пример мини за минофрлач кој се тешки и непријатни за носење од страна на пешадијата.

Генералниот директор на компанијата додава дека војниците се задоволни од досегашната работа на „желката“, и открива дека неговата носивост е околу 500 kg, а автономијата на движење е пет километри.

Роботот користи електронски погон за да не создава бучава, ниту пак оддава топлинска рефлексија. Благодарение на тоа и на релативно малите димензии, особено висината од еден метар, откривањето на “желката” е исклучително тешко.

Самиот прекар на платформата доаѓа од нејзината мала брзина на движење, бидејќи е дизајниран да ги придружува војниците кои се движат пеш, неговата максимална брзина е 10 km/h. Роботот го следи радио-контролниот уред, кој се наоѓа кај член на единицата што е задолжен за ова.

Компанијата “Арго” работи на развој на нови верзии на „желката“, врз основа на искуства од борбени операции. Новите роботи ќе бидат опремени со сателитски комуникации, со можност за пребарување на околината и електронски мапи на областа во која се распоредени.

Руските сили на фронтот користат и други врсти роботски платформи како што е „маркер“, кој за разлика од „желка“ е борбен робот. Тој е со автоматска контрола, работи автономно во услови на електронско војување, целосно е независен, може да ги одреди точните координати на непријателот на растојание помало од 15 километри, и избира цели по приоритет.

Роботот е заеднички проект на Националниот центар за развој на технологијата и приватната инженерска компанија Урал „Андроид технологија“.