„Добрите“ Американци повторно го спасуваат светот – Ракитете завршија во Јемен

На илјадници километри од нивните територии, САД и Велика Британија извршија воени напади на територијата на Јемен и продолжувајки ја својата империјалистичка агресија, продолжуваат да ги вовлекуваат во војна земјите од Блискиот Исток. Американски официјален претставник, како што јавува Би-би-си, соопшти дека нападите биле извршени од авиони, бродови и подморници, а причината за ова е реакциите на Хутите во Црвеното Море, откако започна геноцидот и воените злосторства на Израел врз Палестинците во Појасот Газа.

Лидерот на Хутите, Мохамед ал-Букхаити рече дека САД и Велика Британија „наскоро ќе сфатат“ дека нападите врз Јемен се „најголема лудост во нивната историја“.

„Америка и Велика Британија направија грешка што почнаа напади врз Јемен, бидејќи немаа корист од претходните искуства. Секој поединец на овој свет е соочен со два избора – да застане или со жртвите на геноцидот или со неговите сторители. На било каков удар против нас, апсолутно ќе одговориме, без сомнеж, со нашата сила и одлучност, а регионот ќе биде на раб на ескалација на која никој не го знае крајот“, напиша Букхаити на Икс.

Заменик министерот за надворешни работи на Јемен, Хуса Хусеин ал-Изи во изјава за јеменскиот ТВ канал Ал-Масирах рече дека „САД и Велика Британија ќе платат висока цена за „очигледната агресија“.

Хутите порачаа дека ќе продолжат со напади врз бродови кои се движат кон Израел, и покрај воздушните удари на САД и Велика Британија. Нивниот портпарол Мохамед Абдулсалам порача дека Јемен ќе остане Плаестинците во Газа.