Апасиев: Денес ДПМНЕ повторно прави кворум за Седница на СДС и ДУИ

Функционирањето на широката коалиција помеѓу ДПМНЕ, СДС и ДУИ веќе неколку месеци е обзнанета и не претставува никаква тајна за јавноста. Ова го потврдува и денешната собраниска седница, каде присутни пратеници од власта има само 40, по што, забрзаното штанцање на закони во собранието ќе го овозможат пратениците на ДПМНЕ кои ќе направат кворум.

За ваквиот распоред на силите во Собранието денес, соопшти пратеникот Апасиев преку социјалните мрежи, тој напиша:

„Денес имаме седница. Цел мандат касниме по саат-два од закажаното. Денес ваљда нема. Оти, #ШирокатаКоалиција си функционира, како генерална проба за после изборите. Ќе влезат 40-на од СДС и ДУИ, па кворумот ќе им го напраи ДПМНЕ.“

Праксата на носење забрзано на закони и довршување на сите Седници кои Талат ги прекина поради различни причини, стана пракса откако беше најавено коалицирањето на СДСМ и ДПМНЕ, по што веројатно имало одредени договори зад затворени врати, за кои гледаме како се спроведуваат во собраниската сала.