Пред која било власт да ги обвини граѓаните должна е пред сѐ да даде отчет пред нив

Статус на Јован Крајевски.


Пред која било власт да ги обвини граѓаните, должна е пред сѐ да даде отчет пред нив за тоа што таа сработила и како ја оправдала довербата која истите тие граѓани и ја дале. Така и Венко Филипче, пред да ги криви тврдоглавите и неодговорни конспиративни умови кои избегаваат да се придржуваат до мерките за справување со короната, должен е да даде отчет пред сите граѓани за тоа што тој, неговото министерство и власта го направија за спречување на ширењето на вирусот.

Дали Венко планира да направи нешто околу ниската стапка на тестирање во државава? Македонија е во топ 10 земји во Европа и по бројот на смртни случаи по глава на жител, и по бројот на заразени по глава на жител. Зошто сме тогаш во топ 10 земји во Европа кои најмалку тестираат по глава на жител? И зошто изгледа ко да и гротото од тестовите да се прават од страна на приватни институции? Граѓаните ли се криви што државата не тестира?

Има ли власта план да започне да ги казнува газдите кои ќе ги присилуваат вработените да работат без одржување на социјална дистанца, посебно сега кога заладува и кога сите канцеларии ќе работат со затворени прозори и врати? Или ќе ги третира како газдите на текстилните фабрики и ќе им даде да прават што сакаат? Казните само за луѓе на улица ли се, за да се замачка очи по медиуми дека нешто државата превзема, или треба и да се казнат оние кои присилуваат други луѓе да се најдат во ситуација каде што може да се заразат?

И планира ли власта сериозно да се заангажира и да им обезбеди услови на основците и средношколците во државава да следат онлајн настава? Ќе се обезбеди ли опрема за оние што немаат компјутери/интернет, или пак со донации ќе си ги решаваме проблемите? Ќе внимава ли некој како настаниците ќе ја изведуваат наставата, или ќе се остави како што беше до јуни? И после нормално дека ќе бараат учениците настава со физичко присуство, кога основни услови не им се обезбедени. Да, знаеме дека не сите граѓани ги почитуваат препрораките. Може и мнозинството не ги почитува. Ама власта секогаш сноси поголема одговорност и пред да го посочи прстот, мора да одговара пред истите тие граѓани кои ги осудува. Бидејќи граѓаните ја бираат власта и таа одговара пред нив, а власта не ги бира граѓаните и тие не одговараат пред неа.