Безбедни граѓани, безбедна држава! Управа за обезбедување имоти и лица за јавен ред, поредок и безбедност
Во изминативе три децении, покрај другите појавени, воочени и присутни негативни процеси и слабости, во сите системи од државата, безбедносниот систем беше континуирано ослабуван, руиниран, приватизиран, злоупотребуван со еден збор разнебитуван.
Безбедносниот систем бара постојано развивање, усовршување и јакнење како би можел да одговори на сите актуелни предизвици што ги носи времето. Овој систем според својата специфичност е од витално значење за државата и нејзино постоење и функционирање. Загрозувањата на државата доаѓа од разни правци, усмерени во сите слоеви на функционирањето на државата и нејзините институции.
Еден од сегментите кој е тотално запоставен од страна на државата и препуштен на приватни агенции за обезбедување, е обезбедувањето и чувањето на јавната сопственост и јавните институции. Сето ова е симптоматично и се граничи со крајна негрижа за безбедноста на инститциите, материјалните добра и луѓето. Како пример за запоставување на уставните и законските норми за заштита на институциите може да ни послужи обезбедувањето на образовните и здравствените институции.
Во државата имаме преку 1.150 основни и средни училишта, во кои каде што има обезбедување, тоа е препуштено на приватни агенции, значи некој си дозволил грижата за безбедноста на нашите деца, вработените и материјалните добра да ја препушти на приватни агенции, колку е тоа несоодветно, неосновано, несовесно и неодговорно од страна на државата, колку лоши последици ова предизвикува може да се заклучи од насилствата па дури и убиствата што се случени во овие средини, институции.
Кога станува збор за здравствените установи, во државава имаме преку 4.200 приватни и 550 јавни здравствени установи, кои се грижат за здравјето на населението, установи во кои се инвестирани огромни сретства во човечки потенцијал, опрема и материјални добра и сите се препуштени на приватни агенции за обезбедување. Здравствените установи од една страна обавуваат една од виталните дејности за одржување и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните што е од особен интерес на државата, а од друга страна од безбедносен аспект се препуштени сами на себе и државата е крајно незинтересирана, последиците од ваквиот однос е нападнати, повредени па и убиени медицински лица.
Државата, согласно уставните, законските и другите норми е задолжена и обврзана да се грижи за безбедност на граѓаните, нивниот имот, сопствените институции, јавната сопственост-објекти, материјални добра и вработени.
Поради обврските и актуелните состојби, партијата Левица покрај другите програмски определби за да се надмине ваквата состојба во својота програма предвидува формирање на посебна управа за обезбедување која ќе се грижи за заштита и безбедност на јавната сопственост, институциите, објектите, вработените, корисниците и посетителителите на истите. За ваквиот нов сегмент во безбедносниот систем ќе се изврши соодветна измена и дополнување на и во законската и подзаконската регулатива, како би можело да се оформи оваа управа.
Истовремено, етапно ќе се укинат приватните агенции за обезбедување кои се паравоени формации кои со устав се забранети, како и поради огромниот број негативности кои произлегуваат од нивната злоупотреба. Ваквите агенции долгорочно претставуваат опасност за финкционирање на безбедносниот систем на државата.
Оваа управа со своето формирање кадровски ќе се екипира од постоечкиот полициски состав, професиналните војници на кои им истекол договорот заради максимална старосна граница, вработени во приватните агенции за обезбедување и со други стручни и образовани кадри од областа на безбедноста и одбраната. Вработувањето во оваа управа ќе се врши со строго дефинирани критериуми и високи стандарди базирани на образованост, острученост, оспособеност, професионалност и морални квалитети на кандидатите.
Потребните просторни, материјални, технички и финансиски добра ќе се обезбедат дел од постоечкиот расположлив потенцијал, а дел од буџетот на државата.
Со оформувањето на оваа управа ќе се пополни празнината која постои во безбедностиот систем, истиот ќе зајакне, се елеминираат постоечките паравоени формации, ќе се зголеми квалитетот и квантитетот на безбедносните услуги во полза на државата и граѓаните.