Германската Левица (die Linke) : „крајно време е да се престане со фаворизирањето на поранешните УЧК команданти на Балканот“

Севим Дагделен е пратеник во германскиот парламент од редовите на германската Левица „die Linke“. Го пренесуваме нејзиниот став во однос на неодамнешните случувањата поврзани со отворањето на кривична постапка против Хашим Тачи, претседател и поранешен Премиер на Косово.


Специјалниот обвинител на Кривичниот суд за Косово во Хаг, започна обвинителна постапка против поранешниот командант на УЧК, Хашим Тачи и други луѓе одговорни за воени злосторства и злосторства против човештвото.  Обвинетите се товарат за тешки кривични дела вклучувајќи убиство, прогон и тортура на стотици Срби и Роми, како и на политички противници меѓу косовските Албанци. Предоцна се отвора правниот процес за убиствата и тортурата на Срби и Роми пред очите на трупите на КФОР предводени од НАТО, за кои е одговорна „Ослободителната армија на Косово“. Но, не се виновни само убиствените банди на Косовските Албанци од УЧК, кои делуваа како копнени трупи за време на војната против Југославија во 1999. Виновни се и тие кои го прекршија меѓународното право, во самите НАТО земји, вклучувајќи го и поранешниот претседател на САД – Бил Клинтон, кој заедно со тогашната Министерка за надворешни и поддржувач на Тачи и компанија, Медлин Олбрајт, потоа Британскиот премиер Тони Блер и поранешниот германски Канцелар Герхард Шредер, чиј што Министер за надворешни работи Јошка Фишер и Министер за одбрана Рудолф Шарпинг, ја вовлекоа Германија во војна врз основа на произведени воени лаги. Прекршувањето на меѓународното право од страна на НАТО, како и поддршката од страна на КФОР за криминалците на УЧК, не смее да остане неказнета.

Федералната влада на Германија треба да отвори постапка против Хашим Тачи како повод за завршување на фаворизирањето на поранешните УЧК команданти на Балканот и да започне да се залага за заштитата на Ромите и Србите на Косово, како и за враќањето на 200,000 раселени Срби и Роми во Косово.

Скандалозно е тоа што германската федерална влада го штити Хашим Тачи сите овие години и покрај тоа што Германските разузнавачки служби знаат дека поранешниот командант на УЧК, Хашим Тачи под прекарот „Змијата/ Die Snake“ се појавува во доверливи извештаи од 2005 каде се разоткрива неговата улога како  „врската помеѓу организиран криминал и политика“. Згора на тоа, во 2008, поранешниот специјален обвинител во Хаг, Карла дел Понте, во 2008 година објави извештај во кој тој се поврзуваше со криминален систем за трговија со органи. Веќе крајно време е да се престане со поставување на црвен тепих пред Косовските сепаратисти.