(Видео) Со СДС и ДУИ до најдолгата работна недела во целиот свет – афрички стандарт со европско знаменце

  • Претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев за контроверзниот Закон за работни односи.

Барањето за промена на Дневниот ред, се однесува на точката 14, односно на контроверзниот Закон за работни односи кој нѐ враќа во првобитната акумулација на капиталот од 18-ти и 19-ти век.

Вам како прочуени шверцери нема да ви биде од корист правното образложение, но, потребно е народот да знае дека вие лљчмо наведувате две регулативи на ЕУ.

Имено, во овие наведени регулативи има само сликички, без да постои ништо што како држава нѐ задолжува да воведеме 60 часа работна недела. На овој начин, ние стануваме апсолутен рекордер во светот. Досега, тоа беше Мавританија со 54 часа, по која следат Египет со 53, Гамбија со 51 и Буркина Фасо со 50 часа.

Злоупотребувајќи го европското знаменце воведувате афрички стандард!

Во 2003 година ЕУ ја носи директивата 88 на ЕП и Европскиот Совет за организација на работното време. Во членот 6 со кој се регулира максималното неделно работно време, се вели дека државите мора да обезбедат безбедност и здравје на работниците, додека во ставот Б експлицитно се нагласува дека работното време за секој седумдневен период, вклучувајќи го прекувременото работење, не смее да надминува 48 часа.

Кај нас, заменик-министерот фалсификува документ со негов потпис за да лажат и шверцуваат закони. Затоа, немојте да нѐ лажете бидејќи еве ја директивата. Во ЕУ работната недела не смее да надминува 48 часа.

Затоа, барам точката 14 да се повлече од Дневниот ред.