Ниту медиумскиот мрак врз Левица не може да ги наруши симпатиите на народот кон партијата

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – Портпарол на Политичката партија Левица

Џабе ви е бумери од црвената буржоазија. Ај што поголем медиумски мрак за опозициска партија немало ни во златните денови на врската Латас-Бела Палата, како што сега има за Левица.

Туку, просторот кој Левица несомнено го доминира во континуитет – социјалните медиуми, очајно пробуваат да го стават во погон преку впумпување на вртоглави суми за спонзорирање.

Тоа што не може да се санира со пари и странски ПР агенции е автентичност и симпатии кај народот. И тоа дека полоши и повеќе нехаризматични од Таче се само неговите потпретседатели-лешинари.

СДС =/= допир со реалноста.