Полицискиот час од почеток до крај беше една голема фарса
Статус на Јован Крајевски, член на Президиумот на Левица.
Полицискиот час, од почеток до крај, беше една голема фарса, демек да покаже некаква си контрола над ситуацијата.
Страв ти е да бидеш во затворена просторија со минимум 10 други луѓе на работа? Не се секирај, се е под контрола, ќе ти забраниме да прошеташ после работа.
Страв ти е да се возиш во автобус до работа и назад до дома? Не се секирај, се е под контрола, ќе ти ги укинеме викендите.
Страв ти е да ја тргнеш маската од лице додека се потиш во канцеларија/сала без провев? Не се секирај, се е под контрола, ќе те казниме ако те фатиме после 4 без дозвола.
Битно ти работи, работи и работи, без разлика дали ти е есенцијална работната позиција за да се истурка периодов. Бизнисот не смее да трпи на сметка на тоа да се спасат повеќе животи, ама ти смееш.
А сега изедете се меѓу себе за кој бил одговорен, а кој не ги почитувал мерките и препораките, кој носел маска, а кој не миел раце. Тоа е главниот проблем, не е главен проблем тоа што државата дозволи пола нација секојдневно да е затворена по 8 саати на работно место во време на пандемија.
И спремете се за избори. Затоа што наредна најбитна ствар после тоа да работиш, е да гласаш за СДСМ, и ниту полициски час, ниту пандемија, ниту смак света смее да го спречи тоа.
Полицискиот час, од почеток до крај, беше една голема фарса, демек да покаже некаква си контрола над ситуацијата.Страв…
Публикувахте от Jovan Krajevski в Сряда, 27 май 2020 г.