Ердоган на чекор до победа

Државната агенција Анадолија што ги следи резултатите во живо известува дека по преброените 96,55 отсто од гласовите, Ердоган води со 52,24 отсто поддршка, додека Килидароглу има 47,76 отсто. Според мапата што ја објави агенцијата, Киличдароглу има предност во пограничните области на земјата, како и во областа Анкара, додека Ердоган е во водство во другите области, вклучувајќи ја и областа која неодамна беше погодена од земјотрес.

Иако гласовите се уште се пребројуваат, големи групи луѓе почнаа да се собираат пред неговата куќа во Истанбул, објави Еуроњуз .. Ердоган го следи пребројувањето на гласовите од Истанбул, а во Анкара се очекува да пристигне по 19 часот.

Турција денеска за прв пат во историјата одлучува за претседател во вториот круг од изборите, а повеќе од 64 милиони граѓани со право на глас ќе гласаат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдароглу. Ердоган од првиот круг излезе со неколку проценти предност, а ја доби и поддршката од третопласираниот кандидат, но во моментов се е во рацете на неопределените гласачи.

Периодот меѓу двете рунди беше одбележан со енергична борба во која Ердоган и Киличдароглу на различни начини се обидуваа да добијат дополнителна поддршка и со тоа да си обезбедат сопствена победа, а во таа насока не престанаа да ја менуваат својата реторика, како и да користат разни средства за поткопување на нивните политички противници. 

Следете ги изборните резултати во живо:  https://secim.aa.com.tr/