Статус на Јован Крајевски, член на Президиумот на Левица.
Полицискиот час, од почеток до крај, беше една голема фарса, демек да покаже некаква си контрола над ситуацијата.
Страв ти е да бидеш во затворена просторија со минимум 10 други луѓе на работа? Не се секирај, се е под контрола, ќе ти забраниме да прошеташ после работа.
Страв ти е да се возиш во автобус до работа и назад до дома? Не се секирај, се е под контрола, ќе ти ги укинеме викендите.
Страв ти е да ја тргнеш маската од лице додека се потиш во канцеларија/сала без провев? Не се секирај, се е под контрола, ќе те казниме ако те фатиме после 4 без дозвола.
Битно ти работи, работи и работи, без разлика дали ти е есенцијална работната позиција за да се истурка периодов. Бизнисот не смее да трпи на сметка на тоа да се спасат повеќе животи, ама ти смееш.
А сега изедете се меѓу себе за кој бил одговорен, а кој не ги почитувал мерките и препораките, кој носел маска, а кој не миел раце. Тоа е главниот проблем, не е главен проблем тоа што државата дозволи пола нација секојдневно да е затворена по 8 саати на работно место во време на пандемија.
И спремете се за избори. Затоа што наредна најбитна ствар после тоа да работиш, е да гласаш за СДСМ, и ниту полициски час, ниту пандемија, ниту смак света смее да го спречи тоа.
https://www.facebook.com/jovan.krajevski/posts/10207525104043517?__tn__=%2CdH-R-R&eid=ARCpicpUQg9IEVytN0Wp7BWu7j-MJdyYH0-i1LcfCWOO5D3HyW78u9p0nP8sTHrv7t93YbYjj7UEi0GF&hc_location=group