Протести во САД поради убиство на невооружан црнец од страна на полицијата

Полицијата се судри со протестирачите во Минаполис, САД во вторникот за време на протестите против полициското насилство предизвикани од уште едно убиство на невооружен црн маж од страна на полицијата.

Џорџ Флојд загина додека беше лишен од слобода од страна на полицијата. На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи се гледа како – иако е невооружен и не пружа – отпор полицискиот службеник го дави со коленото притиснато на вратот додека Флојд се обидува да вика „Не можам да дишам“ и „Не убивајте ме“. Тој беше уапсен заради погрешно сомневање за сторено ненасилно дело – пишување лажни чекови.

Стотици демонстранти се собраа во Минаополис, градот каде беше убиен Флојд, да протестираат против полицијата со скандирање „Уапсете ги ККК убијците“ и „Не можеме да дишеме“. Полицијата реагираше со солзавец и ја растера толпата.