САД конфискува помош наменета за Јемен

САД и нејзините сојузници конфискуваа 17 бродови полни со храна и нафта наменети за Јемен.


САД и Саудиска Арабија во петокот конфискуваа 17 бродови полни со храна и нафта наменети за Јемен, и покрај тоа што истите ги поседуваа потребните дозволи за влез во таа земја. Иако 14 бродови кои носеа нафта и 3 брода храна поседуваа дозволи издадени од Обединетите Нации за влез во Јемен, беа спречени од поморските сили на коалицијата.

„Се соочуваме со нов случај на пиратство од страна на Саудиска Арабија и нејзините сојузници,“ соопшти јеменскиот телевизиски канал Ал Масирах од пристаништето во Ал – Худајда.

Нафтените танкери носеа 320.000 тони гориво за оваа разурната земја од војна од Средниот Исток, која во петок го објави својот прв случај на КОВИД – 19. Според јеменската нафтена компанија, Саудиска Арабија се’ уште држи во заложништво 12 нафтени танкери на пристаништето во Ал – Худајда.

Нафтен танкер задржан на брегот на Јемен

Постојаното конфискување на нафта во јеменските води сериозно ќе влијае врз милиони цивили, особено во време на појава на корона вирусот во земјата. Ако КОВИД – 19 се рашири во Јемен, ефектите ќе бидат со катастрофални размери. Поради бескрајната војна во оваа земја, истата се соочува со најлошата светска хуманитарна криза во последните пет години. 


Извор: TeleSur
Превод: Александар Панајотов