Изјавите на солидарност ги отфрлија обвинувањата на американската влада против претседателот Мадуро

Поранешниот претседател Ево Моралес изјави дека со последниот напад од страна на владата на САД против Венецуела, Вашингтон има намера да го одвлече вниманието на јавното мислење околу колапсот на здравствените услуги на нивната земја во борбата со КОВИД-19.

„САД е во хуманитарна криза. Здравствените услуги во главните градови се пред колапс,“ посочи на неговиот Твитер профил водачот на Движење за Социјализам (ДЗС). „Додека тоа се случува, Трамп не престанува со своите обвинувања кон Венецуела со цел да го одвлече вниманието на светот од својата сопствена катастрофа. Сигурен сум дека граѓаните на Венецуела и понатаму ќе бидат истрајни,“ истакна Моралес.

Оваа недела, владата на Венецуела разоткри план оркестриран од страна на владите на САД и Колумбија, со цел да бидат убиени високи функционери во Венецуела, вклучувајќи го и претседателот Николас Мадуро. Исто така, премиерот на Владата на Венецуела ги отфрли лажните обвинувања на американската влада со кои се поврзуваа неколку владини претставници со наводни акти на трговија со дрога и тероризам.

Од друга страна, Националното движење за пријателство и заемна солидарност Венецуела – Куба во недела ги осудија обвинувањата на Белата Куќа против владата на Венецуела, притоа отфрлајќи го постојаното мешање на претседателот Доналд Трамп во оваа јужно-американска земја.

„Националното движење за пријателство и заемна солидарност Венецуела – Куба изразува најсилна осуда за политиката на империјална агресија и мешање од страна на владата на Доналд Трамп со вршење на неморални и криминални санкции против Венецуела“ – изјавија од таму.

Во медиумското соопштение објавено од Движењето, тие истакнаа дека валидноста на политиката на агресија и мешање од страна на администрацијата на Трамп, која вклучува присилни мерки во услови на светска здравствена криза предизвикана од пандемијата „Ковид-19“, ја разоткрива стратегијата на САД за спроведување на крвав пуч во Венецуела.

Движењето, исто така, ја повика целата меѓународна мрежа за солидарност со Куба да демонстрира и мобилизира светско јавно мислење за поддршка на претседателот Мадуро, притоа барајќи безусловно укинување на блокадата и рестриктивните мерки. Исто како и Моралес, тие изразија дека неодамнешниот напад на Соединетите држави против Венецуела е начин за да се пренасочи вниманието на кризата со пандемијата од која страда оваа северноамериканска земја, што влијае на анкетите за овогодинешните претседателски избори.