Левица го поддржува протестот за реконструкција на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево

Регионалниот пат Демир Хисар – Кичево пред два дена, два часа беше блокиран од страна на жителите од демирхисарските села.

Причината за овој протест е граѓаните да го искажат револтот за сообраќајната делница долга околу 40 километри, на која што не е сменето ништо од 70-тите годи. Станува збор за пат кој е целосно раскопан, а на одредени предели трагите дека некогаш постоел асфалт се речиси изгубени.

Од Владата бараат, брз, реален и остварлив датум за реконструкција на оваа многу важна делниц. Доколку не им одговорат на барањата тие ќе ги интензивираат протести и ќе блокираат на повеќе места.

Нов протест е закажан за утре, а истиот го поддржаа од Левица. Од партијата јавно ги повикаа: „директорот на “Македонија Пат” – Костадин Ацевски, директорот наЈП – “Македонски патишта” – Ејуп Рустеми и министерот за Транспорт и врски – Благој Бочварски да ги посетат граѓаните и да ги сослушаат нивните барања.“