Јанчев: Инспекциите во функција на партиски реваншизам

Позната пракса од минатото за искористување на државните функции и ресурси во партиски и лични цели, каде поединци, фирми или организации биле директно напаѓани и претрпувале штета, само затоа што биле критички настроени према власта продолжува да се повторува. Нов ваков случај од пред некој ден имаше во Гевгелија.

Сопственик на угостителски објект, кој е критичар на политиката која ја води владата за време на пандемијата е казнет со 7000 евра и забрана за работа од десет дена. Казната му ја изрекол партиски вработен инспектор од редовите на СДСМ, кој не ретко објавува фотографии со поранешниот премиер Зоран Заев.

Откако за овој случај се дозна во јавноста, советникот од Левица во Општина Гевгелија Саше Јанчев излезе со своја реакција на социјалните мрежи, според кого ова е обид да бидат заплашени сите кои се настроени критички кон политиката што ја води актуелната власт.

„Ова од лево на првата слика е инспекторот по чиј налог за сертификати беше напишана казна од 7 000 евра и забрана за работа 10 дена на ресторан во Гевгелија.

Сопственикот на ресторанот си беше гласен критичар на бившиот министер за задгробен живот, Венко, да оној за кого внатрепартиски си викаа ако падне Венко сите паѓаме, и ова сега што се случи си има скриена порака. Пораката е да не бидете многу гласни оти коа ќе ве удрат со демократија по глава нема да знаете на кај да фатите.

А тој другиот лепотан, на другата слика, е исто инспектор кој дојде во слична таква акција во истиот ресторан уште пред да си одат ЗЗ и Венко. Последнава инспекција е најубав пример за природата на сертификатите како средство за демократија, северни европски вредности и заштита на јавното здравје.

Фашизам на дело!”