(Видео) Георгиевска од СДСМ: Спасовски е претседател на државата за криминал

На вчерашната пленарна Седница на која СДСМ и ДУИ се обидуваа да го прошверцуваат „францускиот предлог“ на ЕУ за бугаризација на Македонија, покрај бројните лаги искажани од владејачката коалиција можеше да се слушне и по некоја вистина.

Таков пример е на Марија Георгиевска од редовите на михајловистичката СДСМ која од говорницата јасно и гласно кажа:

Знаете ли што е Оливер Спасовски за вас? – Претседател на државата за криминал! – Кажа од говорницата пратеничката Георгиевска од СДСМ.

Освен ова, потсетуваме дека претходно пратеничката Костадинова од СДСМ исто така беше искрена и призна дека за нивната партија „македонската посебност не е никаква засебност“.