Левица: Спортскиот викенд по повод 2-ри Август откажан во Општина Илинден

  • Реакција на ЛО Левица – Илинден

2-ри Август покрај државен празник на Република Македонија претставува и празник на нашата општина. За таа цел, години наназад се оддржуваше спортски викенд во кој активно учество земаат атлетиката, велосипедизмот, фудбалот, шахот, кошарката и други спортски активности.

Иако Советот на општината за оваа година позитивно ја изгласа програмата за спорт во која за овој спортски викенд се одвоени 400.000 илјади денари, спортскиот викенд најверојатно нема да се оддржи ниту оваа година.

Официјално известување од страна на локалните власти нема, иако локалните спортисти и рекреативци со нетрпение го очекуваа единствениот ваков настан организиран од општината.

Доколку минатите две години поради ковид пандемијата спортскиот викенд беше одложуван, јавно прашуваме зошто и оваа година тоа е така (одржувањето требаше да е викендот пред 2ри Август) и дали планираните средства ќе се пренаменат во добри цели?