Левица: Фирма на Анѓушев без најава остави 120 работници на улица!
Политичката партија Левица објави писмо од анонимен работник вработен во фирмата „Каст Инвест”, која е во сопственост на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Во писмото која го објави партијата се наведува дека фирмата преку вечер прогласила стечај, при што 120 работници за кои не е исплатена февруарската плата не можат ги добијат сопствените документи. Од партијата најавија дека нивниот правен тим веќе го разгледува случајот. Писмото го пренесуваме во целост.
„Здраво Левица, јас како ваш подржувач и потписник за собирањето на потписи за пререгистрација на партијата сакам да ви соопштам една ужасна вест во врска со мојата фирма.
Имено фирмата Каст Инвест во сопственост на Брако односно Кочо Анѓушев во сред пандемија без било каква најјава од вчера не повика веќе да не доаѓаме на работа и ни кажа дека фирмата иде во стечај. Плата за месец февруари не ни е исплатена иако законски рок е до 15 ти месецов, се кријат директорите не кажуваат ништо, не ни се дадени ниту решенија со кои би се пријавиле во завод за вработување и би ги оствариле своите права. Исто така да напоменам дека минатата недела во сред вонредна состојба каде што водата е многу битен елемент, водата ни беше исклучена во фирмата и 1 недела бевме без вода.
На улица без претходна најава останаа 120 лица, на кои им се должи февруарската плата и пола плата за Март. Утре во 9 часот ке има протест пред просториите на фирмата која се наоѓа на ул. Перо Наков(во просториите на металски завод тито). Би ве замолил за правна помош, подршка и медиумска покриеност. Исто така сакам да останам анонимен.
Ви благодарам.“
До нашата партија пристигна анонимно писмо од работник во една од фирмите на Кочо Анѓушев, којашто како што вели тој,…
Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Сряда, 18 март 2020 г.