Собранието склучи договор за набавка на пратенички легитимации додека е распуштено
Собранието на Република Македонија застапувано од страна на генералниот секретар Цветанка Иванова на 13 март склучи договор за набавка на пратенички легитимации.
Предмет на овој договор се изработка на пратенички легитимации. Во описот се наведува дека истите треба да бидат од кожен материјал во темно кафена боја со втиснат жиг од логото на Собранието со УВ заштита. Носител на набавката е Винсент Графика од Скопје за што компанијата ќе добие 129.328 денари.
Засега не е јасно која е потребата на Собранието од вакви легитимации кога се знае дека Собранието е распуштено односно мандатот на сите 120 пратеници е завршен.
Инаку и Министерството за надворешни работи во јануари годинава склучи договор за набавка на услуги за печатени материјали за официјални посети, форуми, совети и конференции во висина од 472.000 денари.