Класното единство на СДСМ и ДПМНЕ

ЛИЦЕМЕРИТЕ СЕ НАЈДОА НА СРЕДНИОТ ПАТ – КЛАСИЧНО КЛАСНО ЕДИНСТВО ПРИ КРИЗА НА ЛИБЕРАЛИЗМОТ

Кога се работи за бизнисот ДПМНЕ и СДСМ си се пресретнуваат на среде пат!

СДСМ, чисто популистички и колку да биде оправдан трансферот (кооптацијата) на Бранимир од Левица во нивни редови, како и ангажманот на Чикаго Бој Тевдо, воведе божемен прогресивен данок кој немаше апсолутно никаков ефект во прераспределба на богатството. Пред се, затоа што НЕ БЕШЕ проследен со политики како: даноци на ЛУКСУЗ, даноци за КАПИТАЛНИ ДОБИВКИ, саглам оданочување на ПРОФИТОТ, намалување на ДДВ-то на производи од потрошувачката кошничка, КОНФИСКАЦИЈА на криминално стекнатите имоти, укинување на ПРИВИЛЕГИИТЕ на функционерите, Социјална СТАНБЕНА политика, и слични политики кои не само што ќе ја наполнат државната каса – туку и ќе ја зголемат куповната моќ на народната радничка маса. А воедно и ќе го ограничат луксузирањето и конзумеризмот на богатата класа, а богами и ќе ја зауздат и нивната умисленост и декадентно влијние врз духот на нацијата.

За Правда, Еко, Здравствена, Образовна или пак Инфраструктурна политика, и нема што воопшто да се каже, прикаската на секој од нас зборува за состојбата. Туку ај неисе, јасно е со оваа багра што е работата – дружина која од првиот ден кога дојде на власт никој не планираше да продолжи со својата кариера, туку мотото во Влада беше: пружената шанса до максимум ќе се разграби! Така и се случи, преочигледно беше до душа!

Али ги слушам ова ВМРО-вциве како се радуваат и се пуваат, бараат признание, море и обештетување кон богатите бараат, затоа што, ете во однос на прогресивниот данок, испаднало така како они предупредиле – тој немал ефект! Па ако немал ефект, какво обештетување барате бе ашлаци?! Али да во право сте, немаше никаков ефект, освен интелектуална шминка на СДС која сакаше да си ја направи со ниски души како овие двајца гореспоменати. Па сега овие типчиња, искористени во играта и фрлени ко пачавра, ко палјачовци нешто демек креваат глас?! Абе у народ со малку подобра меморија такви шарлатани само менаџери на јавно веце би ги ставила а не професори на факултет, ама ете, јебига тоа е…лазајуче преживлјавање!

А вмрониве, со оваа нивна про-бизнис и про-богаташка страна, само искрено (но со скриен јазикот за обичниот народ) признаа дека воопшто не им стало до националното достоинство и култура! Па абдали бе, токму таа класа беше мотор-машината во пропагандата кон националното обезличување на Македонија. Токму тие, богатите брзаа кон светот и Европа продавајќи етички тралалајки тука за да народот заборави на своите вредности и се даде во скутот на евро-атлантските пастири!

НЕМА НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ БЕЗ СОЦИЈАЛНО ВОЗДИГНУВАЊЕ НА НАРОДОТ!


Фејсбук статус на Реџеп Исмаил (Хактан), член на Президиумот на Левица.