Државата не е заштитник на земјоделските производи

  • Фејсбук статус на Никола Петров, координатор на Левица – Земјоделски сектор.

Како досегашните неолиберални влади на СДСМ – ДПМНЕ – ДУИ го уништија Кочанскиот ориз?

Уште многу одамна Кочани е надалеку познат по својот единствен и заштитен бренд „Кочанскиот ориз”. Своевремено тој се садел на површини од 8 илјади хектари и освен што ги задоволувал домашните потреби, бил познат бренд и за извоз.

Арно ама од трговските фирми на власт, барајќи брза и лесна заработувачка, почнува полека да се уништува домашното производство и да се увезува од странство. Оризот од Грција му станува број еден конкуренција на Кочанскиот ориз, кој субвенциониран од државата Грција по 1 евро од килограм, добива многу пониска цена и станува конкуренција на домашниот ориз.

Трговијата за увоз на ориз почнува да цвета, грчкиот ориз се препакува и продава како македонски бренд Кочански ориз, и не само во Македонија туку се извезува и во трети земји.

Со субвенции по 3 денари од килограм и 3000 денари од декар посеан ориз, автохтониот Кочански ориз станува неконкурентен на пазарот, а и екстремното зголемување на цените на репроматеријалите уште повеќе го прават нерентабилно неговото натамошно производство.

Државата, како кај оризот, така и кај другите македонски брендови на земјоделски производи, не се јавува како нивен заштитник, туку со слободната трговија и неконтролираниот увоз сѐ повеќе учествува во нивното заминување од македонските ниви.

Затоа, поддршка за македонските земјоделци, оризарите, кои бараат да се заштити домашното производство на ориз и да им се плати нивниот труд реално колку што вреди.