Општинските власти во Тетово планираат да го заменат „Гоце Делчев со Скендербег“

  • Реакција на Левица – ЛО Тетово.

Наместо да се подобрат условите на тетовските училишта во кои учениците го поминуваат поголемиот дел од денот, 5 дена во неделата, во потајна најава е промена на нивните имиња.

Дали тоа општинските власти сметаат дека квалитетот на наставата и наставните кадри ќе се поправаат со промена на имињата на училиштата?!

Училиштата во општина Тетово со години се соочуваат со неопремени и несредени училници, руинирани тоалети, запуштени дворови, и сето тоа на штета на учениците.
Во Тетово целодневната настава и покрај што е повеќе од потребна, не се одржува во сите училишта. Како причина за истото се наведува недостигот на простор и квалитетен просветен кадар.

Во Тетово веќе со години, бројот на учениците во класовите се намалува, што претставува дополнителен проблем. Поради неквалитетното понудено образование, родителите се приморани на одлуки за преселување на подобри места за живеење каде нивните деца нема да бидат дел од пропаднати генерации.

Овој повеќегодишен проблем се занемарува од страна на општинските власти во Тетово, но, затоа пак проблемот со институциите да се именуваат со имиња на јазикот на мнозинството на заедниците се решава по кратки потајни постапки.

Доколку се дозволи оваа промена, ќе се нарушат историските вредности!