Честитката за 8-ми март од НАТО со нацистички симбол

Твитер пораката од НАТО по повод 8-ми март, со која го честита Интернационалниот ден на жената, беше „обоена” со фотографии од украински војници на чии униформи јасно се гледа симболот популарно наречен „Црно сонце”, симбол кој е пандан на кукастиот крст во нацистичка Германија. Оваа фотографија уште наредниот ден беше експресно избришана под притисок од јавноста.


„Црното сонце” како неонацистички симбол е употребувано од пост-нацистичка Германија, но исто така и од модерните сатанисти. Самото лого е налик на сончево тркало и потсетува на симболите употребени од „SS“ дивизиите. Дизајнот за прв пат се појавил во нацистичка Германија во замокот Вевелсбург, реконструиран и проширен од шефот на „SS“, Хајних Химлер, кој имал намера замокот да го претвори во центар на „SS“ дивизиите.

Поврзаноста со окултизмот се среќава во германскиот роман „Die Schwarze Sonne von Tashi Lhunpo” (Црното сонце на Таши Лунпо) од 1991 година од авторот со псевдоним Расел МекКлауд. Во книгата се поврзува мозаикот од замокот Вевелсбург со неонацистичкиот концепт на „Црното сонце” кој е измислен од поранешен офицер на СС, Вилхелм Ландиг, кој пак го користи како замена за нацистичката свастика во поновото време.