Во сабота земјоделците на протест пред Влада

Од здруженијата „Тиквешки лозаро-овоштари” и „АГРО Центар – Здружение на земјоделци” преку фејсбук-настан најавија протест пред Влада оваа сабота, со почеток од 13 часот.

Од таму порачуваат дека „ здружени во заедничката мака, доведени до работ на егзистенцијата, но многу повеќе исцрпени и изморени од бројните дадени, но не и реализирани ветувања, македонските земјоделци организирано го креваат својот глас. Земјоделскиот протест ќе се одржи на 26-ти месецов, пред македонската Влада, од каде ултимативно ќе побараме исполнување на низата наши барања, инаку веќе добро познати на власта.”

Организаторите на протестот дополнуваат дека доколку власта се оглуши на нивните барања и при престојниот протест, тие се подготвени да ги радикализираат протестите со масовни блокади низ целата држава, заради што добредојдена е сечија поддршка, независно од дејноста со која се занимаваат, или политичката припадност на земјоделците.