Добива ли Вице Заев плата во плико?
Дали Вице Заев, братот на Зоран Заев и останатите вработени во фирмите на фамилијата Заев добиваат плата во плико!? Ова е логичкото прашање што се поставува по гостувањето на премиерот Зоран Заев во емисијата “24 Отворено” на телевизија 24 Вести.
Заев говорејќи за ефектот на мерката за субвенционирање на платa кажа дека многу работодавачи даваат плата во плико и тоа на легален начин.
“Не, не, апсолутно не е кршење на закон” – одговори Заев на прашањето на новинарот за тоа колку има пријави против овие работодавачи и дали надлежните институции работат како што треба.
Со ова Заев уште еднаш покажува и докажува дека останува на страната на крупните капиталисти кои наместо да ги казнува за прекршување на законот тој ги наградува со легализирање на нивните незаконски практики.