Во Арачиново и Шутка повеќе инвестиции отколку Златко Марин во Аеродром

Од Локалниот огранок – Аеродром на Левица реагираа за степенот на реализација на капитални инвестиции од страна на градоначалникот, Златко Марин.


„Многу лапсузи и несериозност, легален грабеж и празнење на касата на општината, партиски вработувања и непотизам, избори на сомнителни и некадарни раководители, ЕУ знаменце по своја желба и без покритие, голф терени и ново јавно претпријатие за вработување на партиски кадри (демек развоен центар за инвестиции), спрега со градежната мафија, узурпирање на државно земјиште… НЕспособност, НЕажурност, НЕисполнителност, на потребите на Аеродромци, го бележи мандатот на Марин и СДС во Аеродром.

Завршната сметка на буџетот на Општина Аеродром, само ја потврдува неспособноста на Златко Марин. Со реализација на капитални инвестиции од 30% од планираните, од кои катастрофално потфрли во делот на локален економски развој и култура – реализација НУЛА. Реализација од 1% капитални инвестиции за детска и социјална заштита и едвај 20%. Реализација на капитални инвестиции во образование, без ниту еден капитален проект, како и 30% реализација на капитални инвестиции за заштита на животната средина, со НУЛА ефект за подобрување на состојбата со загадувањето.

Сето ова, јасно укажува дека Марин не знае, не сака, не може и не е достоен да биде градоначалник.И тие наши пари што се потрошени, се завршени по нечии џебови!За среќа ова е последна година од неговиот мизерен мандат.А после тоа ќе сноси сериозна одговорност, од граѓаните за неспособноста и од институциите за незаконитостите.”