Трајанов: ДУИ е главниот фактор на дестабилизација

Лидерот на Демократски сојуз (ДС), Павле Трајанов, смета дека клучниот фактор на дестабилизација во државата е Демократската унија за интеграција (ДУИ) и дека иако безбедносната состојба во момнетов изгледа мирна и стабилна, сепак, состојбата би можела преку ноќ да се смени.

Ние сме привидно стабилни, мирни, немаме елементи кои укажуваат на насилство, но како се движат процесите и како се движат изборите и тука клучна улога имаат од ДУИ. ДУИ ако процени ја губи поддршката тогаш можна е радикализација на состојбите или дестабилизација. Но се надевам дека граѓаните од сите етнички заедници, нема повторно да подлегнат на политичка манипулација дека некому се загрозени вакви права, такви права – изјави Трајанов во неговото гостување на утринската програма на Слободен печат.

Лидерот на ДС не може во моментов да каже дали неговата партија ќе настапи во одредена коалиција на изборите, но откри дека преговара со повеќе политички партии.