Став

Давид (народот) vs. Голиат (Еуромакс)

Дур во собрание и по затвори по којзнае кој пат се случува циркус во државава, во југоисточна Македонија се води војна меѓу народот и капиталот, меѓу Давид и актуелниот Голиат.

На едната страна стои Еуромакс, олицетворение на се што е погрешно во општеството, појачани со Заев и компанија “глуви” политички претставници, милиони странски капитал и потплатени “експерти”. Изиграваат ФБ милиционери, се закануваат со тужби, “смело” одат против вољата на народот, носител на суверенот на Републиката.

На другата страна, смело и борбено се спротивставува работниот народ, кој одлучно кажа НЕ на рудниците на смртта. На чело се неуморните активисти кои трпат притисок од сите страни, одлучно се борат против разорната моќ на трката за профит, бранејќи ја нивната и нашата животна средина.

Но само пар медиуми зборат за оваа борба и народен пркос од историски размери, бидејќи знаат на чија страна се и знаат од чив интерес е да не се актуелизира оваа тема во општеството. Со тоа молчење, со тоа непрекинато заситување на медиумскиот простор со драмите на Џафери, Мицкоски и компанија, тие ја избраа страната што цели да ни ги загрози животите. Наше е, ако ништо друго, барем да си ги запишеме во тефтерите, за да не случајно заборавиме дека не им чуе за работниот народ и дека се иста сорта ко Еуромакс, човекождерачи во името на профитот.

Автор: Јован Крајевски