На сметка на народот и државата

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – член на ЦК и советник од Гевгелија од Политичка Партија Левица

Се сликаа Бочварски, нашата пратеничка Мара и членови на СДС од Гевгелија со новата социјална зграда во Гевгелија, ама не кажаа дека тендерот за изградба на зградата го доби Крсто Муковски.

А не кажаа и дека се очекувало зградата да биде готова до март 2022. Сега е февруари 2023.

Пратете ја оваа изопаченост и безобразие. Ни го менат името со глас од Муковски, за возврат на Муковски му даваат тендери (државни пари во милионски суми, не пари на СДС) и на крај си прават партиска кампања со зградата.

На сметка на народот и државата, они сите се добитни.

Сеа останува да видиме како ќе ги делат становите. Дали ко станови изградени со пари на СДС или како станови изградени со државни пари.