Од рудниците секој втор жител во Пробиштип завршува на онкологија

Реакција на иницијативата „Здрава Котлина.”


СЕКОЈ ВТОР ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП Е НА ОНКОЛОГИЈА

Еве ги последиците од работата на рудниците во околината на Пробиштип по здравјето на граѓаните.

Доколку сметате дека економските придобивки од работата на таквите рудници ги оправдуваат последиците по здравјето на граѓаните, тогаш посетете го традиционално рударскиот Пробиштип, па споредете го по економскиот развој со традиционално земјоделската Струмица.
Ако е тоа иднината која ја посакувате, тогаш седете си мирно дома и не се бунете против отворањето рудникот на смртта Иловица-Штука, кој ќе биде 20 пати поголем од досегашните во околината на Пробиштип.

Ние немаме урбана мафија како Скопје, ама имаме Г1 загадувачка индустрија” – рече денеска во својата дискусија на јавната расправа за загадувањето во Собранието, Светлана Станојковска еколог од Пробиштип.

Немаме софистициран мерен инструмент за да знаеме што нѐ загадува, но знаеме колку тоа влијаело на нашето здравје по тоа што секој втор граѓанин е заболен од канцер. Значи половина од пропиштипските жители се овде во Скопје на онкологија. Тоа е резултат на Г1 загадувачката индустрија која ја имаме во Пробиштип. Имаме флотација (миење на рудата) во сред град, фабрика за акумулатори која има топилница за старо олово. Имаме челичарница која се гради, како и рудници за отворен коп на простор од 2 километри како се шири градот така се шири и индустријата и тоа високозагадувачката.” – рече Стојановска.

Таа побара одговор зошто Владата сега дозволила челичарницата да се гради иако претходно ја забранила градбата.

Стојан Нешоски од невладината „Екосвест”, главната вина за загадувањето ја префрли на Министерството за животна средина.

„Министерството за екологија не ги дава очекуваните резултати. Постојаната регулатива не се почитува. Министерството само ги носи законите и не се обидува да види како се реализираат. Има најмал буџет и не може да ги спроведе своите активности. Парите за мерни единици не ги искористи оти нема капацитет.” – рече тој.

Според него, важно е да се активираат и локалните власти.

Тој рече дека еден милион евра за загадувањето не се доволни.  „Петнаесет милиони евра инаку, рече тој, се собираат од регистрациите на возилата.”